Принцески
Состојки
- 2 лепчиња
- 100гр шунка
- 100гр кашкавал
- 1 јајце
Подготовка
Јајцето го матиме. Лепчињата ги сечиме на половина и ги ставаме во јајцето убаво да се наквасат од двете страни и ги пржиме. Во меѓу време ги сечкаме шунката и кашкавалот. Кога ќе се испржат лепчињата ги ставаме во тепсија за печење и одгре над секое лепче ставаме од шунката и кашкавалот. Ги ставаме да се печат малку колку да стопи кашкавалот. Ги вадиме од рерна и ги декорираме со кечап. Се служат топли.