Солени палачинки со фил
Состојки
- 400гр брашно
- 4 јајца
- 4 лажици масло
- 400мл млеко
- 400мл кисела вода
Подготовка
Се матат јајцата се додава половина од брашното и млекото, се продолжува со биење и се додава преостанатото брашно, млекто и солта, се мати и потоа се додава киселата вода и маслото. Смесата се остава да одсотои 30мин и потоа се прават палачинките. Подготовка на филот. Саламата и кашкавалот ги рендаме, го додаваме мајонезот, павлаката и малку кечат.Се се меша заедно.
Готовите палачинки ги полниме со филот убаво ги затвораме и ги виткаме. Потоа ги ставаме во јајце па во презла и ги пржиме во врело масло. Готовите палачинки ги ставаме во чинија обложена со салфетка да се впие мрснотијата. Се служат топли.