Испечати

Пециво со маслинки

Пециво со маслинки

Состојки

  • 1 пак. квасец
  • 1 суп.лаж. шекер
  • 2 суп.лаж. брашно
  • 1 чајна шоља вода
  • 3 суп.лаж. зејтин
  • 2 каф.лаж. сол
  • 4 чајни шољи бело брашно
  • 1 чајна шоља ржано интегрално брашно
  • 1 чајна шоља пченично интегрално брашно
  • 1 врзалка млад кромид
  • 1/2 каф.лаж. лук во прав
  • 150 гр. црни маслинки без семки
  • 1 кафена шоља разни семки - тиква,лен, сончоглед / толчени / за посипување

Подготовка

Кавасецот го оставаме да надојде / растворен со 1 шоља млака вода во која сме додале шеќер и брашно.
Во надојдениот квасец ги додаваме трите видови брашно, солта и зејтинот.
Со додавање на вода замесуваме средно меко тесто и го оставаме да ,,стаса,, околку 20 минути.
Во меѓувреме го сечкаме младиот кромид и заедно со лукот во прав го пржиме на зејтин - колку да омекне.
Маслинките ги сечкаме на парченца.
Стасаното тесто го расукуваме во правоаголна кора која ја посипуваме со маслинките и со пржениот кромид.
Кората ја преклопуваме на два пати - по должина за да добиеме правоаголна ,,векна,,
Од добиената векна сечеме парчиња со ширина од 2 цм.
Исечените парчиња од векната - со филот нагоре, ги редиме во тава обложена со хартија за печење.
Оставаме да ,,стасаат,, околу 20 минути.
Пред печењето пецивата ги мачкаме со мешавина од сол и вода и ги посипуваме со мешавината од семки.
Печеме на 180 Ц додека да поруменат.