Испечати

Парена торта со мак

Парена торта со мак

Состојки

  • 3 јајца
  • 3 лаж шеќер
  • 3 лаж мелени бисквити
  • 3 лаж мак
  • 3 лаж брашно
  • пола прашок за пециво
  • 150 мл вода
  • 9 лаж шеќер

Подготовка

Се матат јајцата со шеќерот.
Потоа од како убаво ќе се изматат се додаваат мелените бисквити, макот, брашното и прашокот за пециво.
Се пече во мало правоаголно тавче на 180 степени околу 10 мин.
Доколку сакате поголема количина само можете да ги дуплирате состојките.
Потоа се прави шербетот со водата и шеќерот кои се ставаат да зовријат и се оставаат да поврие 5 мин
Се оставаат и тортата ладна и шербетот подоладен.
Се посипува шербетот врз тортата и таа е спремна за јадење.
Може да се декорира и со стопена чоколда, има слика подолу.