Испечати

Шарена раванија

Шарена раванија

Состојки

  • 10 јајца
  • 15 лажици шеќер
  • 20 лажици брашно
  • 1/2 лажица рендана кора од лимон
  • 1 пециво
  • 150 гр. мелени ореви или кокос
  • 2 лажици какао
  • 500 гр. шеќер за шербет
  • 800 мл. вода за шербет

Подготовка

1. Одвојте 5 белки и матете ги со 5 лажици шеќер. Откако ќе се сматат се додава 5 лажици брашно измешано со 1/2 од пецивото и тргнете настраната.
2. 5 жолчки и 5 цели јајца се матат со 10 лажици шеќер. Откако ќе се сматат се додава 15 лажици брашно измешано со останатата 1/2 од пецивото и ренданата кора од лимонот. Измешајте.
3. Во подмачкано плекче бр.30 истурете 1/2 од жолтата смеса, врз неа посипете од спемениот посип од измешаните кокос и какао.
4. Со лажица црпете од смесата изработена од белката и ставајте лажица по лажица на купченца - врз посипот. Откако сте наредиле посипете и врз нив со посипот од какао и кокос. Врз него истуретете ја останатата 1/2 од смесата со жолчката. Ставете да се пече во предходно загреана рерна.
5. Додека се пече сварете го шербетот од 500 гр. шеќер и 800 вода, нека врие добро околу 5 мин, и исклучете.
6. Извадете ја раванијата и нека поолади малку, исечете ја на парчиња по ваша желба и со црпалка црпете од шербетот. Во шербетот исто така можете да ставите 1 ванила и лимон.