Испечати

Минијатурни пици

Минијатурни пици

Состојки

  • 300 гр. брашно
  • 25 гр. свеж квасец
  • 10 гр. сол
  • 10 гр. шекер
  • по малку шери патлиџан, малку оригано

Подготовка

1. Се раствара квасецот во 50 мл. вода, се додава
брашното во кое веќе сме го измешале
ренданото сирење, шеќерот и солта, се
замесува меко тесто. Се остава да стаса.

2. Се размесува стасаното тесто, се дели на
топчиња со еднаква големина, со раката се
налегнува секое топче оформувајки кругови.

3. Врз секое парче се става малку оригано врз
него го втиснувате шери патлиџанот налегајки го
притоа, го посолуват со малку сол, пак
оригано.

4. Краевите од тестото ги се подигаат
нагоре околу патлиџанот. Ги оставате
повторно да стасат и се печат на 180 степени
околу 15 минути.

НАПОМЕНА
Овие мини пици можат да се спремат
и од обичен патлиџан исечен на половина..
Наместо моцарела може да се користи
насецкано меко сирење или нарендано.
Јас ги замесив овој пат со штотуку
подсирено сирење и немаше потреба го
растворам квасецот во водата бидејки
пресното сирење во себе содржи цвика и
доволно беше со тоа да замесам. Содржината
на состојките за тестото даваат до знаење
дека е навистина добро и вкусно тесто.
Ви посакувам пријатен доручек!.