Посни пржени кори со конечен исход со вкус на баклава
Состојки
- малку сок од лимон и рендана кора од лимонот
- 1 ванила
- 2 чаши вода
- 2 чаши шекер
- 1/2 кгр. кори за баклава
- малку зејтин
Подготовка
1. Се зема една кора и со прскалка или со лажица се попрскува зејтин внимавајки притоа да не ставите многу,
2. Земате втора кора и ја поставувате врз првата коа исто така прскајки ја со зејтин.
3. Вака напрсканите кои ги превиткувате до половина и почнете да ги виткате како ролат притоа стегајки ги.
4. Кога ќе дојдете до самиот крај на корите - краевите и на двете кори премачкајте ги со вода и завршете го мотањето.
5. Се сечат на еднакви прчиња и се пржат во зејтин.
6. Ги вадите од зејтинот и директно ги ставате во оладениот шербет кој предходно сте го приготвиле и се така додека не ги испржете сите.
Имаат вкус на баклава. Вака приготвените кори можете слободно да ги чоколадирате и увалкате во кокос или мелени ореви. Вкусни се и само во шербет.
Блиц рецепт - а за во постите одличен.
1 чаша = 200 мл.