Испечати

Мусака

Мусака

Состојки

  • 1 кг компири
  • 500 гр мелено месо
  • 1/2-1 главица кромид
  • 2-3 јајца
  • 250 мл млеко
  • зачини... оригано, црн бибер, вегета, сол по потреба

Подготовка

Ги лупиме компирите и ги режиме на кругови со дебелина од пола сантиметар.
Кромидот ситно го сечкаме и заедно со меленото месо и зачините го пропржуваме колку да ја промени бојата.
Во намастен плех или тепсија ставаме ред тркалца компир, го посолуваме.
Над него го ставаме пропрженото мелено месо и добро го распоредуваме.
И најгоре уште еден ред тркалца компири.
Налеваме пола чаша вода, а можи и малку повеќе и ставаме да се печи во загреана рерна на 180 степени. По 10 мин вадиме од рерната и полеваме со избиените јајца и млекото кои малку сме ги посолиле. Најгоре го рендаме кашкавалот (но и не мора да е со кашкавал) и враќаме во рерна уште 10-15 мин на 150 степени.
Добар апетит!