Детска торта
Состојки
- 12 белки
- 12 лаж шеќер
- 4 лаж брашно
- 200 гр мелени ореви
- 1 лажичка прашок за пециво
- 6 јајца
- 12 лаж шеќер
- 6 лаж брашно
- 3 лаж млеко
- 1 прашок за пециво
- 6 лаж какао
- 12 жолки
- 100 гр шеќер во прав
- 200 гр чоколада
- 3 лаж какао
- 100 гр шеќер
- 100 мл вода
- 2 маргарин
- 2 лаж шеќер
- 2 лаж какао
- 200 мл млеко
Подготовка
Се прават два пандишпана и тие потоа се сечат на пола и излегуваат четири.
Првиот пандишпан
Се матата белките со шеќерот се додаваат брашното со прашокот за пециво и мелените ореви. Се пече во тавче од електричен шпорет, обложено со хартија на 180 степени.
Вториот пандишпан
Се двојат жолките од белките, па белките се матат со шеќерот па се додаваат жолките една по една , па се додава млекото, брашното со прашокот за пециво, па какаото. Се пече исто во тавче од ел.шпорет обложено со хартија на 180 степени. Овој пандишпан кога ќе се олади се посипува со прелив од 2 лаж. шеќер, 2 лаж. какао и 200 мл млеко.
Првиот фил
Се матат жолтките со шеќерот на пареа, кога ќе бидат готови се тргаат од оган и се оставаат да се оладат.
Вториот фил
Се ставаат на оган чоколадата, шеќерот, какаото и водата да зовријат и се оставаат неколку минути и потоа се тргаат од оган да се оладат.
Одкако двата фила ќе бидат оладени се ставаат во претходно изматени двата маргарина, значи и првиот и вториот фил се ставаат во изматениот маргарин и излегува еден фил.
Потао се филува тортата, ред пандишпан ред фил и последната кора е пандишпан.
Се декорира со фондан, но може по желба, а оваа торта е роденденска и е декорирана со фондан.