Испечати

Мајска торта

Мајска торта

Состојки

  • 15 белки
  • 15 лаж шеќер
  • 21 лаж ореви сецкани
  • 6 лаж брашно
  • 15 жолтки
  • 200 гр шеќер
  • 10 лаж брашно
  • 1 л млеко
  • 2 маргарин
  • 300 гр ореви
  • 200 гр кокос
  • 200 гр чоколада

Подготовка

За пандишпаните
Се прават 3 пандишпани. Секој со 5 белки, 5 лаж. шеќер, 7 лаж. сецкани ореви и 2 лаж. брашно. Се печат во тавче бр. 26 обложено со хартија за печење, на 180 степени.

За филот
Се матат жолките со брашното и со малку млеко. Млекото се шеќерот се ставаат на оган да зоврие млекото и потоа се додаваат матените жолтки и меша постојано додека да се згусне филот.
Потоа кога ке се олади се додава лажица по лажица во изматените маргарина.
Потоа филот се дели на три дела, во првиот дела се додава мелени ореви, во вториот дел се додава кокос, а во третиот дел се додава стопена чоколада.

Постапката на редење е следна
Пандишпан-фил со ореви, пандишпан-фил со кокос-пандишпан-фил со чоколада.
На крај тортата се декорира по желба, а јас ја декорирав со фондан, за којшто рецепт најдов тука на моирецепти, и баш решив да го пробам. И мислам дека успешна ми излезе декорацијата.