Посна торта со компот од праски
Состојки
- 1,5 чаша (200 мл) шекер
- 1,5 чаша (200 мл) вода ладна
- 2,5 чаши ( 200 мл) брашно
- 3 лажици мармалад
- 1 пакетче сода бикарбона
- 1 тегла компот од праски
- 1 кесичка пудинг од ванила
- 2 лажици какао
Подготовка
Шеќерот, водата, брашното, мармаладот и содата ги мешаме со лажица и ја ставаме смесата во тепсија бр.30 и оставаме така да отстои 15 минути. Потоа ја печеме во загреана рерна околу 20-на минути.
Во меѓувреме го правиме филот. Ги лупиме праските од компотот и ги пасираме или едноставно ги гмечкаме со вилушка, а во тенџере на оган го ставаме да врие сокот од компотот. Ги додаваме и праските и оставаме да зоврие. Во малку течност од компотот го мешаме пудингот и кога ке зоври смесата во тенџерето го додаваме пудингот. Мешаме додека да се згусне. Потоа оставаме да олади.
Откако ке бидат ладни и панишпанот и филот, филот го ставаме од горе на тортата, и оставаме неколку часа во фрижидер да се стегне. Најпосле може да ја прелиеме тортата со топена чоколада .