Лимончиња
Состојки
- за тесто
- 500 гр брашно
- 100 гр маргарин (може пола сало пола маргарин)
- 100 гр шеќер
- 150 мл млеко
- зрно сол
- 2 жолчки
- 1 кора од лимон
- за фил
- 2 белки
- 200 гр мелен бадем
- 2 ванилин шеќер
- 2 кори од лимон
- 2 лаж рум или мараскино
- 130 гр шеќер
- за боење
- 300 мл млеко
- 200 гр шеќер
- 1 лаж рум или мараскино
Подготовка
За тестото,
-се бијат јајцата во кои постепено се додава шеќерот.
-се додаваат и другите состојки и рачно се меси тестото.
-се остава 2 часа во ладилник.
За филот,
-белките се бијат со шеќерот и ванилите.
-кога добро ќе се избие, се додаваат останатите состојки.
-добро се промешува и ако не е доволно густо (мене ми беше ок) се додава лажица-две мел бисквити или презла.
Подготовка,
-се вади тестото од ладилник и се премесува.
-се сучи танка кора (ко за кифлички).
-се сечат кругови во кои се става фил и се виткаат прво од горе на долу, па лево и десно се стискаат краевите. Потоа се преврќа однопаку и пак се стискаат краевите како бомбонче (фото).
Се печат на 160 степени 15-20 мин.
Оладени се макаат во обоеното млеко и после во кристал шеќер.
На врвовите можат да се обојат малку со зелена боја (по желба).
Добар апетит!