Кокос колач
Состојки
- 2 јајца
- 200 гр. шекер
- 200 мл. млеко
- 100 мл. зејтин
- 200 гр. брашно
- 1 пециво
- 2 лажици какао
- 1 л. млеко
- 250 гр шекер
- 7 лажици гриз
- 200гр. кокос
Подготовка
1. Најпрвин се прави филот така што во 200 мл. млеко се стават 7 лажици гриз да стои, а остатокот од 800 мл. млеко заедно со 250 гр. шекер се става да проврие.
2. Откако проврие се трга настрана и се додава гризот. Се врака на ринглата да проврие и се вари недозволувајки да се згусти. Смесата треба да биде малку поретка од таа кога се вари пудинг.
3. Се трга од огнот и се додава 200 гр. кокос - се промешува.
4. Јајцата се матат со шеќерот, се додава млекото, зејтинот, брашното, пецивото и какаото, добро се измешуваат.
5. Добиената смеса се дели на два еднакви дела . Едниот дел се става во модла број 28 се става да се пече.
6. Откако првиот дел е напола печен се вади од рерна и врз него се налева веке спемениот фил, врз него се налева вториот дел од смесата.
7. Се врака во рерна да се пече
8. Испечениот и изладен колач се прелева со чоколадна глазура која на вас ви е најдобра.
Напомена - филот на овој колач трпи и измени така што можете да додадете и свежо овошје.