Испечати

Домашен еурокрем

Домашен еурокрем

Состојки

  • 100 гр чоколада за готвење
  • 4 мали шољи шеќер
  • 100 гр мелени лешници
  • 250 гр маргарин
  • 400 мл млеко
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка

Сите состојки освен чоколадо се ставаат во тенџере на оган да зовријат. Кога ќе зоврие се вари уште 5 мин. Кога ќе биде готово се дели на два дела. Во едниот се става чоколадото и се меша додека да се растопи. Двата дела поединечно се матат. Кога малку ќе подоладат се сипуваат во тегла двата дела истовремено.
Шољата од мерката е од 150 мл.
измена-22.03.2012-Ако имате време подобро е да ги варите на пареа.
Овој на сликата многу бргу го снема па следниот го правев на пареа и уште подобар испадна )))Значи истата процедура само сите сосотојки се варат 5 мин на пареа па после се дели на два дела во едниот чоколадао и се матат поединечно.И јас не сум јас ако не експериментирам па во белиот додадов бело чоколадо и се испадна ммммм.Пробајте на кој начин сакате и двата се супер .