Испечати

Палента канапеи

Палента канапеи

Состојки

  • 200 гр инстант палента
  • 650 мл вода
  • сол и коцка путер
  • според потребата чајна салама
  • според потребата маслинки
  • кисела павлака
  • неколку зрна капари
  • пармезан за наросување

Подготовка

Предлог за совршено брзо мезе.
Прво сварете ја палентата во вода која врие и сте додале сол и масло.
Сварената палента ја ставаме во намрсен плех, убаво ја израмнуваме и оставете ја да се излади.
Ладната палента со модла ја сечеме на кругови.
Секој круг палента го мачкаме со кисела павлака, ставаме чајна и набодуваме една зелена маслинка.
Декорацијата ја завршуваме со по неколку зрна капари и наросување со пармезан.
Послужете веднаш....