Испечати

Рапска торта – мој 1400 јубилеен рецепт

Рапска торта – мој 1400 јубилеен рецепт

Состојки

  • тесто
  • 260гр брашно
  • 2 ванили
  • 2 јајца
  • 40гр растопен путер
  • 1-2 лажици млеко
  • некое зрно сол
  • фил
  • 400гр бадеми
  • 400гр шеќер во прав
  • 2 јајца
  • 40мл мараскино или амарант ликер
  • 1 лажица кора од портокал
  • 1 лажица кора од лимон
  • Декорација 6 зрна бадем, шеќер во прав.

Подготовка

Еве драги мои стигнав до уште еден јубилеј со рецепти презентирани од мојата кујна..
Поздрав до тимот на МР и до сите оние кои одвоиле време за да ги прочитаат, искоментираат, подготват во своите кујни, да ги лајкуваат моите рецепти...

Според легендата, тортата Раб (Рабска торта) за прв пат била подготвена во 1177 година кога папата Александар 3, придружуван од десет галии, решил да побара засолниште за да го избегне бродоломот заради невреме.
За да покажат почит, чест и благодарност до папата, Бенедиктинските монахињи подготвиле Рап торта на неговата гозба.
Друга легенда вели дека папата на Бенедиктинците им подарил традиционална сиена торта наречена „рицарелли ди Сиеннаа“, што е точно иста како тортата Раб, а рабините го презеле рецептот.
Оваа богата торта е задолжителна на масата на секое Хрватско семејство што се држи до традицијата и обичаите.
Оваа деликатесна торта, чиј рецепт сè уште е завиткан во превезот на тајност, некогаш бил достапен само за членовите на кралското семејство, и како да се направи тоа се пренесувало само усмено
Самиот процес на дизајнирање е доста захтевен.
Тестото кое е тенко како чипка, а за да ги направите „украсните бранови“ ви треба филигранска вештина во преклопување тесто меѓу прстите.
Тортата од Раб неодамна станала сувенир и заштитен знак на островот Раб, иако рецептот, кој првично го чувале сестрите од Бенедиктин, датира од 12 век.
 
Најчесто се користи името ЕКСТРАВАГАНТНИ ПУЖ или .НАЈКРАЛЈЕВСКА МЕГУ КРАЛЈИЦАМА
Јас за мојава изведба си давам солидна 4. Ама сум самокритична хахахах. Вие оценете сами.
Некои мои забелешки околу подготовката се следни.
Работете сами во кујната, бидејќи ви треба мир, тишина, трпение.
Основно правило е дека смесата за фил не треба да биде сува, а вистинската мерка што никој не може да ви ја пренесе, мора да ја чувствувате под прстите. Исто така, кога ќе го направите полнењето, мора добро да ја мешате смесата откако ќе ја додадете секоја состојка. Сè мора да стане едно.
Нека не биде многу топло во просторијата бидејќи брзо се сушат и тестото и филот.
Плехот каде ќе печите, пожелно е да е на опачината за потоа лесно да ја лизните на тајнир за послужување, залепете го со 2 салотејп траки, за да не случајно измрда хартијата и да се деформира тортата,
Лентите за чипка јас ги сечев на ширина од 1-1,5 цм.
Но треба да бидат барем 2 цм.
На 2 места ми се подкренал фиилот во печењето, без да размислам дека тој ќе се движи поради составот на јајцата. Се сече на штангли и се послужува со бело вино.
Во оргиналниот рецепт стои-Мараскино- нивната вишновка или ликер Амарант
Како и да е се вљубив во неа кога ја пробав во Сплит и реков еден убав сончев ден ќе те подготвам во мојата кујна.
Повелете начин на изработка, проследете.

Во вангличка го ставаме просеаното брашно, ванилите, некое зрно сол, растопениот путер и јајцата. Додаваме една по една лажица млеко ако има потреба.
Тоа зависи од големината на јајцата. Јас употребив само 1 лажица.
Замесуваме тесто, мазно, но е малку потврдо.
Го делиме тестото на два дела, ги завиткуваме со проѕирна фолија и ги оставаме во фрижидер да одстојат еден час.
Ден претходно се подготвуваат бадемите.
Во касерола налеваме вода.
Од кога ќе зоврие, ги додаваме бадемите и вариме од 7-8 минути.
Ја истураме водата и оставаме бадемите да се изладат.
Потоа им ја одстрануваме кафената лушпа.
Ги распоредуваме во тава во еден ред и така оставаме на темно место да се сушат цел ден
Наредниот ден маааалку ги потпекуваме во рерна на 100 степени, благо да поруменат.
Кога се изладени ги мелиме во машина за ореви, а не во процесор.
Постапката со мелење ја повторив два пати.
Првиот пат ги просеав низ цедалка и покрупните парчиња кои ми паднале од машината ги сомлев уште еднаш.
Вака сомелени ги ставаме во вангличка.
Тука го додаваме просеаниот шеќер во прав.
Соединуваме убаво.
Ги додаваме изренданите кора од портокал и лимон (јас претходно ги ставив во вода со сода бикарбона да одстојат)
Го додаваме ликерот.
Повторно со рака соединуваме.
Сега се додава прво едното јајце и соединуваме со рака.
Филот е се уште ронлив.
Второто јајце јас со вилушка го соединив и додавав постепено, се додека не добијам убава смеса за формирање.
Ми остана една лажица од јајцето што не мора и да значи, ако се користат мали јајцата ќе бидат таман и двете.
Вака убаво соединетиот фил го покриваме со проѕирна фолија и го оставаме на страна.
Сега масата малку ја набрашнуваме.
Го ставаме првото топче тесто и сучиме мнооогу танка кора.
Сега земаме лист хартија за печење.
Го поставуваме на опачината на плехот.
Тука го пренесуваме тестото.
Сега со трпение со помош на алатка формираме полжав, цртаме по тестото.
Од прилика треба да се широки лентите меѓу себе по 6 цм.
Сега пак внимателно одиме по истиот пат, односно одземаме од тестото по 1 цм.
Вишокот на тесто го звиткуваме во фолија и го оставаме во фрижидер.
Подготвениот фил прво јас си го направив како салами-колбас, да видам одприлика како да го распоредам.
Сега со помош на две вилушки рамномерно го нанесуваме по тестото.
Вака подготвена тортата ја покриваме со прозирна фолија и ја оставаме на страна.
Сега го земаме вторто тесто од фрижидер и сучиме многу тенка кора.
Ја сечиме на ленти.
И со прстите почнуваме да ја формираме чипката на тортата.
На почетокот и на крајот ја декорираме со по 3 бадеми.
Печиме на 140 степени околу 25-30 минути.
Оставаме да се излади, па внимателно ја пренесуваме на послужавник.
Наросуваме шеќер во прав.
Сечеме штангли и послужуваме.
На здравје оваа убавина.