Испечати

Пилешко со сланина во павлака и кашкавал

Пилешко со сланина во павлака и кашкавал

Состојки

  • 1 парче пилешки стек
  • 50 г димена сланина
  • 2 корнишони
  • 300 мл кисела павлака со 20% масленост
  • 100 г рендан помек кашкавал
  • 1 феферонче
  • зачини сол и црн бибер

Подготовка

Ова ми е едно од омилените јадење. Првпат го пробав во ресторан и со инсистирање подолготрајно, го добив и рецептот. Фурнаринките сама си ги правам дома, значи задолжително ви препорачувам да си направите фурнаринки или некое лепче домашно топло за ова јадење. Ако не јадите луто, феферончето изоставете го, по мое мислење му дава убав шмек на јадењето, а запржената сланина му дава маснотија на стекот и прекрасна арома.

1. Посоленото и побиберено пилешко се сечка на парчиња и се запржува. Во истото масло се запржува и сецканата сланина.
2. Откако ќе се испржат, се ставаат во земјен сад и се додаваат корнишоните и феферончето исечкани на парчиња и се промешуваат.
3. Се додава павлаката, се меша и одозгора се става ренданиот кашкавал.
4. Се печи во рерна на 220 степени дур не се запечи и да се растопи кашкавалот.