Испечати

Пита од готови кори со урда и спанаќ

Пита од готови кори со урда и спанаќ

Состојки

  • 500гр кори
  • за премачкување
  • 100гр растопен маргарин
  • 100мл топла вода
  • за фил
  • 5 јајца
  • 300гр урда
  • 500гр обарен спанаќ

Подготовка

Најпрво го подготвуваме филот. Во сад се разматуваат јајцата, потоа се додава обарен и ситно сецкан спанаќ, на крај урдата и се' убаво се промешува, се посолува по вкус.
Водата и растопениот маргарин ги мешаме заедно.
Во подмачкано тавче бр 34 на дното ставаме 4 кори пола да бидат внатре, а пола да бидат надвор. Се премачкува со водата и маргаринот, ставаме друга кора и таа ја премачкуваме со масло и вода и ставаме од филот. На секоја втора кора ставаме фил, а секоја кора се премачкува со водата со маргарин, се' така додека се потрошат корите.
Откога ќе немаме веќе кори покриваме со првите кори што излегуваа од тавчето, нив ги премачкуваме со течноста и ставаме да се пече на 200 степени додека се добие убава румена боја.
Мене ми беше потребно околу 45-50 минути додека се испече.
Печена ја покриваме малку да одмори а потоа се сече на парчиња по
желба.
На здравје !!!