Испечати

Полнети печурки во сланина

Полнети печурки во сланина

Состојки

  • 500 гр печурки шампињони(или 20 приближно еднакви парчиња)
  • 20 парчиња сланина
  • 1 главица кромид
  • 2 пиперки
  • 150 гр кашкавал
  • 100 мл пиво
  • сол и бибер

Подготовка

Прво ги миеме шампињоните и со мала лажичка им ги отстрануваме стебленцата. На зејтин запржуваме една главица кромид, 2 пиперки, стебленцата од печурките, се' ситно сецкано. Посолуваме и наросуваме црн пипер. Секоја печурка ја полниме со запржената смеса и ставаме по парче кашкавал. Потоа секоја наполнета печурка ја мотаме со парче сланина и ставаме чепкалки.
Печурките ги редиме на пек-хартија, полеваме 100 милилитри пиво и ги печеме околу 20 минути на 160 степени.
Едноставен оброк или мезе,вие одлучете.