Испечати

Торта со ореви, афион и вишни (јубилејна торта 200ти рецепт )

Торта со ореви, афион и вишни (јубилејна торта 200ти рецепт )

Состојки

  • За тесто
  • 200 гр шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 4 жолчки
  • 3 лажици павлака
  • 1 пециво
  • 3 лажици какао
  • 700 гр брашно
  • За прв фил
  • 4 белки
  • 300гр шеќер
  • 500 гр вишни
  • 200 гр ореви
  • За втор фил
  • 120 гр афион
  • 100 гр шеќер
  • 1 јајце
  • 3 лажици брашно
  • 1 пециво
  • За трет фил
  • 500 гр млеко
  • 3 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 1 ванила
  • 7 лажици брашно
  • 300гр путер

Подготовка

Полека но сигурно стасав до втората стотка. Сакам да се заблагодарам на тимот од Мои Рецепти и на сите готвачи со кои тука се дружиме, многу се научив од вас и се надевам и вие нешто од мене од нашата кујна.
Благодарам Мои Рецепти за награди кои се многу убави и многу корисни за во кујна, и благодарам за коментарите кои се многу важни за мене.
Дружбата продолжува.
Ова торта доаѓа од нашиот крај од западна Украина, каде што тортите и колачите се прават богати со различни филови.
Јајцата поделете ги на белки и жолчки.
Жолчките изматете ги со шеќер и маргарин, додајте брашно, павлака и пециво замесете тесто. Тестото поделете го на три дела, во третиот дел ставете какао и измесете го малку.
Првиот дел од тесто рассукајте го и ставете го во тепсија бр. 28. Врз него наредете вишни, врз вишните наредете ораси.
Белките изматете ги со шеќер додека не биде цврсто. Ставете ги белктеи врз орасите.
Ставете да се пече на 160 степени 45 минути.

Вториот дел од тесто рассукајте ставете го во тепсија.
Афионот измелете го и поварете го малку со шеќер и вода. Јајца изматете додајте афион, брашно и пециво, се промешајте и ставете врз тестото.
Третиот дел со какао изрендајте го врз афионот. Ставете да се пече на температурата 180 степени 40 минути.

За фил
Пола од млеко ставете да зоврие. Во другата половина ставете јајца, брашно, шеќер и ванила, изматете и истурете во зовриеното млеко. Мешајте додека не згусне. Оставете го да истине. Изматете го со путер.
Ја редиме тортата.
Вториот дел од тортата (со афион) премачкајте го со фил, врз него ставете го првиот дел (со јајце и вишни), оставете го да во фрижидер да се стегне.
Тортата украсете ја со шлаг по желба.
Добар апетит и поздрав до сите!