Испечати

Гулаш во котел на дрва

Гулаш во котел на дрва

Состојки

  • 3,5 кг јунешко месо
  • 3,5кг кромид
  • 5-6 моркови
  • 4 супени лажици црвен пипер
  • 2-3 суви пиперки
  • 2-3 свежи лути пиперки
  • 500мл масло
  • зачини по желба

Подготовка

Еден рецепт за вистински гурмани. Гулаш кој се вари на тивко во котел на дрва.
Запалете го огнот и може да се започне со подготовка.
Кромидот исчистете го убаво и ставете го на масло да се пржи. Месото исечете го на коцки и кога ќе омекне кромидот додадете го месото и динстајте на тивок оган. Потоа додадете ситно сецкан морков и малку лук, црвен пипер и сецканите пиперки.
Месото и кромидот ќе пуштат вода само од себе и нема потреба да се додава вода во следниот час. Кога ќе почне да испарува водата додавајте по малку за да се одржува нивото на течност за да може месото да се вари.
Зачини додадете по вкус кога ќе се свари месото, а тоа може да биде и по 4 часа зависнот колку брзо се вари месото.
Гулашот е готов кога месото ќе биде меко се одвојува на допир, а течноста ќе се згусне сама од себе.
Ова е рај за душа, пробајте нема да згрешите.
Ние го послуживме со варени макарони.
На здравје !!!