Испечати

Чоколадни кафе бомбици

Чоколадни кафе бомбици

Состојки

  • 1 чаша овесни снегулки
  • 100 гр мелени бисквити
  • 70 гр путер
  • 50 гр чоколадо
  • 5 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 лажичка инстант кафе плус филџан топла вода
  • 50 гр кокос

Подготовка

Превкусни бомбици...
1. Во длабок сад измешајте ги овесните снегулки и мелените бисквити.
2. Инстант кафето растворете го во филџан топла вода и полејте ги снегулките.
3. На пареа во сад се топат чоколадото, путерот и шеќерите и кога ќе се стопат се додаваат кај снегулките.
4. Се' убаво се меша и се остава во ладилник околу половина час.
5. Од смесата се прават бомбици кои се валкаат во кокос.
Послужете....