Испечати

Колач со локум, јаболка и брусница (посно)

Колач со локум, јаболка и брусница (посно)

Состојки

  • 300 гр шеќер
  • 250 мл масло
  • 400 гр јаболка
  • 2 ванилин шеќери
  • 150 гр локум Дониа
  • 50 гр брусница
  • кора од 1 лимон
  • 2 лажици мед
  • 12 гр пециво
  • 350 гр брашно
  • 50 гр мелени бадеми

Подготовка

Ова е еден брзински подготвен колач кој е сладок, сочен и особено вкусен, што се гледа и по состојките што ги содржи.

Подготовка
1. Јаболката ги лупиме и рендаме. Ги соединуваме со шеќерите и маслото.
2. Рендаме кора од лимон, ги додаваме сечканиот локум и брусница, промешуваме.
3. Пецивото го соединуваме со брашното и мелените бадеми и ги додаваме кон влажната смеса.
4. Промешуваме со лажица и целата смеса ја распоредуваме на намрсено и набрашнето тавче.
5. Печеме на 180-200 степени додека да ни поцрвени или пробуваме со чепкалка дали ни е готов колачот(треба да е сува).
6. Го ладиме и потоа го сечеме.