Испечати

Боранија и ѓувеч во тегли (зимница)

Боранија и ѓувеч во тегли (зимница)

Состојки

  • по потреба боранија
  • по потреба сол и вода
  • по потреба разновиден зеленчук-црвен домат, црн домат, бамја, пиперка, морков
  • по потреба тегли

Подготовка

Количините сами си ги одредувате.
Јас сакав мојот начин на пастеризација да го споделам.
Исчистената боранија, измиената и искршената се става во тегла.
Се додава по пола лажиче сол.
Се полни со вода.
Исто и за ѓувечот.
Измиениот зеленчук се дроби, на бамјата и се потсекува рачката.Убаво се притиска.
Се става сол и се дополнува со вода.Се затвораат убаво.
Се ставаат во шерпа, во која на дното има крпа и странично и помеѓу теглите. Се полни вода во шерпата, водата да е до грлото на теглите.
Се зовриваат и откако ќе зовријат се варат на умерен оган околу 30 мин..
Се трга од оган шерпата и се оставаат теглите внатре да изладат.
Толку...