Испечати

Домашен кечап

Домашен кечап

Состојки

  • 5 кг домати
  • 3 гранчиња целер
  • 40 гр шеќер
  • 100 мл вински оцет
  • 200 мл масло
  • 3 листови ловор
  • 1 лажица сол
  • 5 лути пиперчиња (не мора)

Подготовка

1. Се мијат доматите и се мелат во машинка за семки вадење или пак само се блендираат, но претходно се вади лушпата. Се додаваат сите други состојки и се вари на тивок оган се додека не испари 1/3 од течноста.
2. Кога убаво ќе се свари кечапот се ставаат во чисти топли тегли и се ставаат во рерна на 100С да се вакумираат.
3. Јас ги ставав во тегли од 200гр помали и од оваа состојки излегува 8 теглички.