Испечати

Медитеранска паста на мој начин

Медитеранска паста на мој начин

Состојки

  • 200гр фусили, спирална тестенина во три бои
  • вода и сол
  • 1лажица маслиново масло
  • 8-10 шери домати
  • 8-10 црни маслинки
  • 1 лажиче киселкасти капари
  • 1 лажица крем сирење
  • 2 парчиња топено сирење
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/4 лажиче бибер
  • босилек
  • пармезан
  • италијански сос за пица 3-4 лажици

Подготовка

Во касерола налеваме вода и додаваме сол.
Ја додаваме тестенината да се вари според упатството.
Во мала тава ставаме маслиново масло, додаваме шери домати, црни маслинки, капари, крем намаз и сецкани зденки.
Зачинуваме, додаваме 2 лажици од течноста каде се вареа фусилите и промешуваме колку состојките да се загрееат и соединат.
Сварената тестенина ја процедуваме и ја сервираме во тајнир во кој има ставаено 3-4 лажици Италијански пица сос, за кој рецепт имате тука.
Врз тестенината го ставаме подготвениот прелив, наросуваме пармезан, додаваме свежи ливчиња босилек и сервираме топло