Испечати

Триаголници со кокос, рум и желе (посно, без печење)

Триаголници со кокос, рум и желе (посно, без печење)

Состојки

  • 150 гр маргарин
  • 150 гр шеќер во прав
  • 100 гр кокос
  • 100 гр мелени бисквити
  • 1 лажица рум арома
  • 100 гр чоколадо
  • 100 гр желе бомбони Дониа

Подготовка

Кокосот ставете го во Нутрибулетот и измелете го ситно колку се можи.

Изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па додадете го мелениот кокос, бисквити и румот. Измесете убави и посделете на два дела.

Во едниот додадете го стопеното чоколадо.

Обложете тиаголен калап за колачи со стреч фолија и ставете половина смеса од било која боја, иако чинам подобро прво црната, па наредете желе бомбони накосо или пак само во коцка на средина (јас на крајот ставив ружа локум и така одлично дојде). Одозгора ставете го другиот дел и израмнете, покријте со краевите фолија и оставете во фрижидер да се стегни пред печење.