Испечати

Тортиља со туна и сос од карамелизиран кромид и авокадо

Тортиља со туна и сос од карамелизиран кромид и авокадо

Состојки

  • за сос
  • една главица помал благ кромид
  • 4 лажици кисела павлака (за потечно, може и јогурт)
  • 3 лажици мајонез
  • 1 помало авокадо
  • 30гр. путер
  • за полнење
  • 1 свеж домат
  • половина свежа краставица
  • 250гр. туна парчиња во масло
  • 4 кисели краставичка
  • 200гр. листови кашкавал
  • 4 тортиљи
  • по избор

Подготовка

Совршен спој на вкусови и сочна и преубава тортиља.
Најпрво, пригответе го сосот. На слаб оган и на тавче, ставете го путерот да се растопи со малку маслиново масло. Потоа, додајте ги тенко сецканите кришки кромид. Кромидот пржете го се додека не добие златникава боја. Посолете по вкус, наросете малку црн бибер и јас додадов и црвен пипер. Во друг сад, измешајте ги павлаката, мајонезот и авокадото. Доколку авокадото е меко, соединете ја цела смеса, со помош на виљушка. Доколку е поцврсто, сосот мешајте го во процесор. Откако кромидот ќе се карамелизира, додадете го во сосот од павлака, авокадо и мајонез. Оставете го сосот да се излади некое време во фрижидер.
Секоја тортиља кратко запечете ја на умерен оган. Пред крајот додајте по два листа кашкавал и оставете уште кратко, додека кашкавалот се растопи.
Потоа, врз кашкавалот намачкајте две лажици од сосот со кромидот. Врз сосот, наредете ја туната, исечканите домати, исечканите кисели краставички и свежа краставица. Најгоре, ставете ја зелката или друга сецкана зелена салата. Врз зелката истурете уште една лажица од сосот со кромид. Замотајте ја тортиљата и оставете ја некое време, додека да се спојат вкусовите.
По желба, можете да додате и кечап и лут чили сос.
На здравје!