Испечати

Ролат со спанаќ

Ролат со спанаќ

Состојки

  • Тесто
  • 6 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 пециво
  • 5 лажици брашно
  • 1/2 кг спанаќ
  • 200 мл кисела павлака
  • Фил
  • 200 мл кисела павлака
  • 150 гр шунка
  • 150 гр сирење
  • За премачкување на ролатот
  • 200 мл кисела павлака
  • 50 гр сирење

Подготовка

Прво спанаќот го чистиме, миеме и го ставаме да се обари во солена вода која врие. Се става на поголема цедилка да се исцеди сосема од водата и да олади.
Ги кршиме јајцата и тоа белките во поголем сад, жолчките во помал. Во белките додаваме 1 лажичка сол и матиме со миксер додека не се добие цврста смеса. Ги матиме со миксер и жолчките и ги додаваме кон матените белки. Ја додаваме павлаката, брашното со пецивото и исцедениот спанаќ. Се заедно мешаме и смесата ја истураме во правоаголен плех обложен со пек-хартија.
Се пече на 180 степени околу 25 минути. Кога ќе зарумени и ќе е готова кората се става врз чиста крпа и се мота ролат.

Шунката се сече на ситни коцкички, сирењето се ренда и им се додава павлаката. Се заедно се меша и филот се става врз оладената кора и се витка ролат. Одозгора се премачкува со павлака и се ренда сирење.
Најдобро е ролатот пред да го сечиме да одстои во фрижидер барем 6 часа бидејки така полесно се сече и филот е постегнат. Павлаката што ја користиме во филот и за премачкување најдобро е да е со 20% масленост,а за кората може со било која масленост.