Испечати

Прилог од компир со рузмарин

Прилог од компир со рузмарин

Состојки

  • 1/2 кг компири
  • 1 мала шоља масло
  • 1 лажица буковец
  • 1 лажица мешан зачин
  • 1 мала главица кромид
  • вода за варење на компирите
  • 2 гранчиња рузмарин

Подготовка

Одличен прилог од компир за со сите видови месо.
Прво компирите ги миеме ги лупиме и ги сечеме на крупни парчиња.
Ги ставаме во тенџере и го додаваме сецканиот кромид, зачините и налеваме вода колку да се покријат компирите.
На умерен оган ставаме да се динста со полуотворен капак околу половина час(односно додека се сварат компирите)
Сервираме и послужуваме додека се топли.