Посна погача
Состојки
- 700 гр брашно
- 3 дл вода
- 1 пресен квасец
- 1 дл масло
- 1 кафено лажиче сол
Подготовка
1. Се замесува тестото да биди средно меко.
2. Се дели на три дела,поголемо средно и помало парче.
3. Големото парче се дели на 5 дела и се прават форми на палачинки се премачкуват со масло се редат едно врз друго и се стават во калапот за печење предходно намачкан со масло. Внатрешниот дел од тестото се сечи на 8 триаголници и врвот од триаголникот се врти нанадвор кон калапот.
4. Средното парче се прави исто само триаголниците да бидат мегу првите не да се поклопуваат.
5. Најмалото парче се прави како топка и се става на средина.Се остава да кисни и се печи во загреана рерна на 220 степени.
6. Откако ќе се испечи од горе се премачкува со масло.
7. Декорацијата се прави со замесување на тесто само со брашно и вода и се прават форми по желба.