Испечати

Лимон чизкејк во чаша

Лимон чизкејк во чаша

Состојки

  • 50 мл слатка павлака
  • 50 гр кисела павлака
  • 50 гр кондензирано засладено млеко
  • 50 гр мусли натура премиум
  • сок од 1/2 лимон или по вкус
  • 50 гр рендано бело чоколадо

Подготовка

Муслите ги мелеме во нутрибулет.
Слатката павлака заедно со кондензираното мелко ја матиме, па ја додаваме киселата павлака и промешуваме со шпатула.
Го додаваме сокот од лимон и ренданото бело чоколадо.
Редиме ред мусли, ред лимон крем и така додека да се наполни чашата. Украсуваме со рендана кора од лимон и бело чоколадо.