Испечати

Пурпурен чизкејк

Пурпурен чизкејк

Состојки

  • 300 гр боровинки
  • 50 мл вода
  • 150 гр шеќер
  • 500 гр крем сирење
  • 500 мл слатка павлака
  • 20 гр желатин
  • За подлога
  • 2 јајца
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 пециво
  • 2 лажици масло

Подготовка

Сладок предизвик на создавање рецепт не може да помине ако нема виолетова боја во моите рецепти. Така и овој пурпурен чизкејк е подготвен со едно од моите омилени бобинки, боровинките.

Подготовка
1. Јајцата заедно со шеќерот ги матиме да се волуменизираат. Додаваме масло, пециво, брашно и со шпатула промешувате. Смесата ја истураме на хартија за печење во калап бр. 24 или 22 или пак на намрсен и набрашнет калап. Печеме до поцрвенување, околу 10-15 минути. Оставаме да се излади.
2. Боровинките, шеќерот и водата ги ставаме да провријат околу 5 минути.
3. Растопениот желатин го додаваме кон боровинките и со рачен блендер ја мелеме смесата до измазнување. Бидејќи има желатин, смесата малку ќе се волуменизира. Оставаме да се лади.
4. Слатката павлака ја матиме кратко со миксер па го додаваме крем сирењето.
5. Соединуваме, па ги додаваме изладените боровинки. Матиме со миксер до соединување и смесата ја истураме врз подлогата.
6. Оставаме да се стегне во фрижидер, неколку часа.
7. Го отстрануваме обрачот од калапот, а претходно поминуваме со тенко ноже за да се одвои кремастиот дел од обрачот.

Забелешка
Ако не ви се пече подлога или немате готова кора, можете да ја подготвите и со 180 гр бисквити и 100 гр путер. Мелените бисквити ги потопувате во растопениот путер и смесата ја соединувате и ја расплескувате на дното од калапот.