Испечати

Чизкејк со прелив од малина

Чизкејк со прелив од малина

Состојки

  • Подлога
  • 150мл маргарин
  • 150мл млеко
  • 150 гр, мелени бисквити
  • 100 гр, чоколада
  • Прв фил
  • 200 гр шеќер
  • 200 мл слатка павлака
  • 200 гр, крем сирење
  • Втор фил
  • 250 гр, шеќер
  • 100мл вода
  • 100 гр, желе за премачкување

Подготовка

Маргаринот се растопува со млекото и чоколадота и се додаваат мелените бисквити. Убаво се меша да се добие убава смеса, потоа се реди во калап.

Првиот фил
Ја матиме слатката павлака со шеќерот и се додава крем сирењето додека се изедначи и се реди врз кората се премачкува низ цела кора

Втор фил
Се остава желатинот да отстои со водата 10 мин, се додава шербет од 200гр. шеќер ( 1 чаша од 200 мл) и 100 гр. вода ( мал филџан). Убаво се мати да се добие цврста смеса и се додава над филот.
Одозгора се става готово желе од малина низ цела торта. Се остава во замрзнувач околу 2 часа.
Се сече по желба.