Испечати

Тик–так фритули со праска и рум

Тик–так фритули со праска и рум

Состојки

  • 1 јајце
  • 200мл јогурт
  • 2 лажици шеќер
  • 1/4 лажиче сол
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 1 лажица рум
  • 1 праска со средна големина
  • 20 лажици брашно, околу 300 гр
  • шеќер во прав

Подготовка

Во нутрибулет ги ставаме излупената праска и јогуртот.
Соединуваме.
Во еден сад ја префрламе смесата, додаваме јајце, сол, ванила, шеќер, рум и пециво.
Соединуваме.
Го додаваме и брашното.
Треба да добиеме смеса како онаа за уштипци, значи погуста од смесата за палачинки.
Во касерола загреваме масло.
Со намастено лажиче земаме од сместа и пржиме на умерен оган од двете страни за да заруменат.
Ги редиме на хартиени салфети.
Посипуваме шеќер во прав и послужуваме