Испечати

Пудинг десерт во чаша

Пудинг десерт во чаша

Состојки

  • 1 кесичка прашок за пудинг од јагода
  • 3 лажици шеќер
  • 350 мл млеко
  • 6 лажици мусли
  • овошје по избор

Подготовка

Брз, едноставен и вкусен десерт во чаша.
Пудингот го приготвуваме според упатството и оставаме малку да се олади.
Во чашата прво ставаме една лажица мусли, па три полни лажици од пудингот и повтроено една лажица мусли.
Со оваа мера ќе наполните три чаши.
Згора ставаме овошје по избор(кај мене цреши и јагоди).