Испечати

Додатоци од Натура

Додатоци од Натура

Кафеав шеќер Демерара

Нерафиниран кафеав шеќер од шеќерна трска

Натура зачин

Зачинот Натура е додаток за јадење кој претставува единствена комбинација на сушен зеленчук и зачини. Овој 100% природен производ изобилува со 25% сецкан сушен зеленчук и тоа морков, пашканат, кромид, праз, магдонос, црвена пиперка, зелена пиперка и целер. Натура зачинот не содржи натриум глутаминат и е без додаток на вештачки бои.

Вкусот и аромата на зачинот се благодарение на богатата содржина на зеленчук. Од особено значење е тоа што Натура зачинот не содржи натриум глутаминат (Е621) кој често се применува како вештачки збогатувач на вкусот.

Совршено избалансираните состојки го подобруваат вкусот и аромата на храната. Натура зачинот е спакуван во практично пакување, погодно за повеќе употреби. Може да се користи за сите видови на солени јадења и е погоден како за возрасни така и за деца.

Натура е создадена од баланс на квалитетни, природни и внимателно избрани состојки, традиција и најсовремена технологија со цел да му понуди на современиот потрошувач избрани прехранбени производи во согласност со новите потреби за енергија и здрава исхрана. Брендот нуди здрави и вкусни начини за одржување на избалансирана исхрана и благосостојба на организмот. За секоја пауза во текот на денот, еден Натура оброк е совршено избалансиран со растителни протеини, влакна и калории, за да му понуди на организмот она што му треба, со неверојатен вкус на вистинско овошје. Во движење, секој ден, секогаш кога ни е потребен 100 % природен оброк. Производите се создадени со екстремна прецизност и страст од страна на семејната компанија, која го посветува целото внимание во создавање на едноставни, пријателски производи, различни од сите други индустриско стандардизирани. Целосното производство е во согласност со HACCP, HALAL и со ISO9001: 2008 QMS стандардите. Сите суровини и финални производи редовно се контролираат во овластени лаборатории за контрола на квалитет.