Испечати

Чоко карамел тортици

Чоко карамел тортици

Состојки

  • 1 чоколадна кора
  • 500 мл млеко
  • 2 пудинга од карамел
  • 5-6 лажици шеќер
  • 100 гр чоколадо
  • 60 гр путер

Подготовка

Ова тортичкиве беа лапни-голти, навистина се топеа во уста...

1. Готовата кора за торта ја сечеме на два дела.
2. Млекото од кое сме одвоиле 100 мл го ставаме да почне да врие.
3. Во одвоеното млеко ги раствораме пудинзите заедно со шеќерот и ги додаваме кон млекото.
4. Откако пудингот ќе се свари и згусне, додаваме путер и чоколадо. Интензивно мешаме до соединување на смесата. Карамел кремот ни е готов.
5. Оставаме кратко да подолади и го нанесуваме врз корите, кора-фил-кора-фил.
6. Оставаме во фрижидер да се стегне и соедини.

Забелешка
Користев од чоколадните готови кори на Винчини.