Испечати

Чоколадни колачи со кокос (посно)

Чоколадни колачи со кокос (посно)

Состојки

  • 250 гр кокос
  • 250 гр мелени бисквити + 1 лажичка какао
  • 150 гр маргарин
  • 250 гр шеќер во прав
  • 2 лажици сок од портокал
  • Глазура
  • 100 гр чоколадо
  • 3 лажици масло

Подготовка

Овие колачиња се посни за посни слави, имендени....
1. Се мати најпрво шеќерот и маргаринот во убава смеса. Се додаваат мелените бисквити, кокосот и сокот колку да се соединат состојките. Ако е меко се додава бисквити, ако е суво сок.
2. Се сучи кора со дебелина од 1см и со срце модла се сечат форми, а потоа срцето се сечи на половина, значи се добиваат две колачиња.
3. На страна се прави глазурата од чоколадо и се глазираат.