Испечати

Тортиља ролати

Тортиља ролати

Состојки

  • 2 тортиљи
  • кисела павлака
  • сушен домат во масло
  • 1 лист марула
  • неколку парчиња гауда
  • неколку парчиња пршута

Подготовка

Убави и декоративни ролати од тортиља кои може да послужат и како декоративно мезе.

Јас користев готови тортиљи, а може и да си направите доколку имате време,на странава има одлични рецепти за тортиљи.
Тортиљата ја мачкаме со кисела павлака.
Го ставаме сушениот домат, па лист марула,пршута и гауда.
Виткаме како ролат и сечеме на парчиња со дебелина од околу 3 сантиметри.

*секако дека ова е само мој предлог,полнењето може да си го прилагодите според важиот вкус.