Испечати

Француски кроасани со крем

Француски кроасани со крем

Состојки

  • Состојки
  • 600 гр брашно
  • 1/2 коцка свеж квасец (20 гр)
  • 1 лажичка сол
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажици масло
  • 250 мл ладна вода
  • 1/2 таблета Ц-витамин (250 мг)
  • 250 гр путер
  • Потребна е уште крем-нутела за премачкување на кроасаните

Подготовка

Подготовката на француските кроасани бара трпение и време, но верувајте се исплати бидејки нивниот вкус е единствен.
Пред да почнеме со подготовката на кроасаните,во фрижидерот за длабоко замрзнување ставаме 250 милилитри вода.Потребно е да стои барем 1 час.
Потоа 250 гр. путер ги ставаме на најлонска фолија,ја преклопуваме фолијата врз путерот и со сукало го истенчуваме путерот за да ја дуплира својата површина.Замотан во фолијата го ставаме во фрижидер.
Во подлабок сад ги ставаме брашното, маслото,ладната вода,квасецот,солта, шеќерот и 1/2 таблета Ц-витамин издробена на ситно.Замесуваме тесто кое е потврдо од обично,но така треба и да биде.Го оставаме тестото да одмори 10 минути.
После тоа од него со сукало правиме четвртаста кора,малку поголема од путерот.
Врз неа го ставаме путерот од фрижидерот.Тестото го преклопуваме како плик врз путерот. Сукаме долгнавеста кора,која по површина треба да е три пати поголема од почетната. Оваа кора сега ја премотуваме тројно( еден дел кон средината,другиот дел пак кон средината). Целата постапка ја има на сликите подолу прикажани.
Од ова сега пак сукаме долгнавеста кора која повторно тројно ја замотуваме. Ја замотуваме во најлонска фолија и ја ставаме да одмори во фрижидер 15 минути.
После тоа ја вадиме кората од фрижидер, ја сукаме долгнавесто,тројно ја замотуваме ,пак ја виткаме со најлонска фолија и пак одмара тестото 15 минути.
Конечно после ова од оваа кора сукаме поголема ,исто долгнавеста кора со дебелина помала од 1 сантиметар. Ги сечиме страните за да добиеме правилен правоаголник и сега од неа сечиме триаголници. Секој триаголник до засечуваме,ставаме од нутелата по 1 лажичка, замотуваме кроасан и ги редиме на хартија за печење. Кроасаните ги премачкуваме само со вода,ги замотуваме со најлонска фолија и ги оставаме на ладно 20 минути.
Ја тргаме фолијата и ги печиме во загреана рерна на 200 степени 15 минути.
Се потрудив постапката да ја појаснам со дополнителните фотографии. Важно е водата со која го месиме тестото да е ладна за да ја успори ферментацијата на квасецот. Додавањето на Ц-витаминот нека не ве буни бидејки тој игра улога на адитив.
Ви препорачувам направете ги и уживајте.