Испечати

Интегрален леб со ким

Интегрален леб со ким

Состојки

  • Состојки
  • 400 гр интегрално брашно
  • 1/2 коцка свеж квасец (20 гр)
  • 200 мл млака вода
  • 1 лажичка сол
  • 4 лажици маслинов зејтин
  • ким за наросување

Подготовка

Од сите состојки се замесува тесто. Кога ќе го зголеми волуменот два пати, се премесува тестото уште еднаш. Кога ќе стаса и по вторпат, се размесува и се дели на два дела, од секој дел се прави векна. Векните ги засекуваме одозгора, ги премачкуваме со вода, ги наросуваме со ким. Векните леб ги ставаме на хартија за печење , која претходно сме ја набрашниле.
Векните стасуваат уште 10 минути и се печат во загреана рерна на 180-200 степени околу половина час.
Кога е печен лебот, се вади од рерната и покриен се остава да одмори уште половина час.