Испечати

Торта со готови кори и ролат на Винчини (без печење)

Торта со готови кори и ролат на Винчини (без печење)

Состојки

  • 1 правоаголна кора од светлите кори на Винчини
  • 300 гр. џамбо ролат на Винчини
  • За фил
  • 7 дл. млеко
  • 2 пудинзи од бурбон ванила
  • 1 ванила
  • 125 гр. шеќер во прав
  • 200 гр. крем сирење
  • 200 мл. слатка павлака
  • 20 гр. желатин
  • 10 лажици ладна вода
  • За одозгора
  • 1 шлаг пена
  • 125 мл. ладно млеко

Подготовка

Ем вкусно, ем лично - беше коментарот за овој мој десерт. :)

Го подготвуваме филот.
Во 6 дл. млеко го додаваме шеќерот и ванилата, ставаме на оган да зоврие.
Во 1 дл. млеко ги раствораме пудинзите.
Ги додаваме во зовриеното млеко и вариме на умерен оган до готовност.
Го тргаме од оган и оставаме да се излади.

Желатинот го прелеваме со 10 лажици ладна вода и оставаме 10 мин., да набубри.
После го додаваме во топлиот пудинг и матиме со миксер да се растопи. Оставаме целосно да се излади пудингот, со повремени мешања.

Во изладениот пудинг го додаваме крем сирењето и матиме со миксер убаво да се соедини.

Ја матиме слатката павлака и нежно соединуваме со пудингот.

На соодветна чинија ставаме една половина од кората. Кората ја сечиме попречно.
Премачкуваме со фил.
Ролатот го сечиме на два еднакви дела и го ставаме на кората. За појасно видете ги дополнителните фотографии.
Убаво премачкуваме со фил, над ролатите и ги пополнуваме празнините.
Ја ставаме другата половина од кората.
Тенко ја премачкуваме со фил.
Ја ставаме тортата во фрижидер за одржување да се стегни целосно филот.
Потоа ја матиме шлаг пената според упатството и премачкуваме одозгора.
Украсуваме по желба.

На здравје!

*Најмалку се остава 2 часа тортата во фрижидер за да се стегни филот, а може и преку цела ноќ, па се сечи.