Испечати

Освежителна салата со урда (изварка), ореви и лук

Освежителна салата со урда (изварка), ореви и лук

Состојки

  • 1 кг изварок
  • 2 чешниња лук
  • 100 гр ореви
  • 1 китка магданос
  • 150 гр шунка
  • 150 гр кисели краставички
  • 150 гр свеж морков
  • сол по вкус

Подготовка

Превкусна освежителна салата која мора да ја направите..
1. Се става во аван лукот и оревите и заедно се толчат.
2. Потоа се додаваат останатите состојки-изварокот, ренданите краставички(може и ситно сечкани) свежиот рендан морков,саламата ,и ситно сечканиот магданос.По потреба се става сол.
3. Се остава да олади во фрижидер и се сервира.