Испечати

Емилија торта

Емилија торта

Состојки

  • 3 теста по
  • 6 белки
  • 8 лажици шеќер
  • 8 лажици мелени бисквити
  • 6 лажици ореви
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 пециво
  • 1 лажица лимон
  • Фил1
  • 18 жолтоци
  • 180 гр шеќер
  • 400 мл млеко
  • 3 лажици нишесте
  • Фил2
  • 200 гр маргарин
  • 90 гр шеќер
  • 150 гр ореви мелени
  • 150 гр мелени бисквити
  • 1 смрзнат рендан портокал
  • сок од свеж портокал за попрскување на корите
  • 150 гр чоколадо

Подготовка

Ова е годинашната роденденска торта за 19 от роденден на мојата Емче која го прослави во јуни.
Превкусна торта која плени со првиот залак. Сочна, кремаста, свежа и моќна во секој поглед.
1. Се прави во округол плех бр26.
2. Се прави бисквитот.  Се матат белките заедно со шеќерот до одредена цврстина. Се додаваат мелените бисквити, оревите, брашното и пецивото. Се меша со шпатула и се става 1 лажица сок од лимон.
3. Се печи на 180С-25мин.
4. Се прават уште 2 бисквита.(Значи вкупно 3 теста)
Фил 1
18 жолчки се бијат со шеќерот. Се додава нишестето и се вари со млекото акко пудинг. Се остава да се олади.
Фил 2
Се мати маргаринот и шеќерот пенесто и се додаваат мелените ореви и мелените бисквити. На крајот се ренда смрзнатиот портокал и тој се додава во филот.
Двата фила се соединуваат и во него се додава рендано чоколадо.
Начин-
1 Кора се попрскува обилно со сок од портокал. Врз него се додава третина од филот. Потоа се реди втората кора па пак фил..... Се завршува со шлаг.
ПС-Втората кора изгледа потемна зошто заборавив да ставам 2 лажици брашно и затоа двои од другите две.
Девојчето прво го нацртав на хартија ставив најлон и врз него го поминав со растопена чоколада и стапче на ражниче. На здравје!!!