Испечати

Пралини со кокосов крем

Пралини со кокосов крем

Состојки

  • 200 гр чоколадо
  • 200 мл кокосов крем од конзерва
  • 50 гр путер
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр кокосово брашно (снегулки)

Подготовка

Ова се домашни чоколадни пралини со изобилен вкус на кокос

Подготовка
1. Го топиме чоколадото на најниска температура.
2. Силиконските калапи за пралини ги премачкуваме со растопеното чоколадо, со помош на силиконска четка.
3. Се ставаат во замрзнувач да се стегнат, па повторно се премачкуваат и се враќаат во замрзнувач.
4. Кокосовиот крем го ставаме во тенџере заедно со шеќерот, кога ќе се растопи шеќерот го додаваме путерот да се растопи, па ги додаваме кокосовите снегулки.
5. Соединуваме, оставаме да излади смесата и ги полниме калапчињата со неа, затвораме со стопено чоколадо, со премачкување.
6. Оставаме чоколадото да се стегне, во ладилник.
7. Пралините внимателно ги вадиме од калапи и ги сервираме.