Испечати

Салата со макарони, фета и пилешко филе

Салата со макарони, фета и пилешко филе

Состојки

  • 250 гр. тробојни макарони
  • 200 гр. чадено пилешко филе
  • 150 гр. фета сирење
  • 100 гр. пченка од конзерва
  • 2 варени јајца
  • 1 црвен патлиџан
  • 250 гр. кисела павлака
  • 100 гр. мајонез со вкус на краставица
  • 1 лажица сенф
  • по вкус сол и мелен црн пипер

Подготовка

Вкусна салата, која во овие горештини можи да замени и оброк. 

Макароните се ставаат во зовриена и солена вода да се варат.
Потоа убаво се цедат и се оставаат да се изладат.
На страна се сецка филето, јајцето, патлиџанот и сирењето на коцки.
Во длабок сад се ставаат макароните, им се додаваат исецканите состојки, па пченката-исцедена, убаво се меша.
Во една чинија се меша киселата павлака, мајонезот и сенфот. Се додава мелен црн пипер. Се соединува убаво.
Сето ова се додава во макароните.
Се меша, убаво да се поврзе.
По потреба се додава малку сол.
Се затвора со капак, се остава во фрижидер, да отстои, за убаво да се поврзат вкусовите.

На здравје!