Испечати

Печен пинџур

Печен пинџур

Состојки

  • 750гр. зелени пиперки
  • 4 црвени домати
  • 1 модар патлиџан
  • 1-2 чешниња лук
  • 100мл. зејтин
  • на вкус сол

Подготовка

Пиперките, доматите и патлиџанот се печат. Јас ги печев во рерна, во плех на хартија за печење на 180 степени додека да омекнат.
Откако ќе се испечат и изладат, се лупат и се сечкаат, се додава сечканиот лук. Се заедно се меша во сад, по желба се толчи и се насолува на вкус. Зејтинот се загрева и со него се попарува пинџурот.

На здравје!