Испечати

Профитероли торта (јубилеен 100ти рецепт)

Профитероли торта (јубилеен 100ти рецепт)

Состојки

  • Брауни подлога
  • 110 гр путер
  • 150 гр шеќер
  • 60 гр какао
  • 1 гр инстант кафе
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 60 гр саморастечко брашно
  • 20 профитероли
  • Чоколаден мус
  • 300 гр чоколадо
  • 240 гр слатка павлака
  • 1 кесичка желатин
  • 4 лажици вода
  • 320 гр слатка павлака
  • Прелив
  • 150 гр чоколадо
  • 170гр слатка павлака
  • крокант од лешници и ливчиња нане за декорација.

Подготовка

Почитувани, еве и јас стигнав до мојот прв јубилеј. Ја одбрав оваа торта бидејќи е посебна не само на изглед туку и по вкус.Рецептов го најдов на интернет и веднаш решив дека ова ќе биде мојот јубилеен рецепт. Тортава е екстра кремаста и чокладна и не толку тешка за подготовка како што изгледа. Изразувам благодарност до тимот на Мои Рецепти кои на одличен начин ме мотивираат и секако на сите членки на оваа прекрасна страна кои секогаш ме изненадуваат и инспирираат.

Подготовка на брауни подлога
На тивок оган го топиме путерот и кога е целосно растопен го додаваме шеќерот, ванилиниот шеќер и промешуваме. Оставаме малку да олади па го додаваме инстант кафето и какаото. Ги додаваме јајцата едно по едно со мешање и на крај брашното. Убаво мешаме и ја ставаме смесата во намастено калапче со обрач со димензии од 22 сантиметри и печеме во загреана рерна на 160 степени 25 минути.Готовото брауни го вадиме од рерна и оставаме убаво да се излади.

Чоколаден мус
Во стаклен сад ја ставаме чоколадата и ја додаваме слатката павлака. Садот го ставаме во друг поголем сад и оставаме смесата да се соедини на пареа.
Во мегувреме желатинот го ставаме во мал сад и го полеваме со 4 лажици ладна вода. После десет минути полека го загреваме додека се растопи. Растопениот желатин го додаваме во мусот.
На страна матиме 320 гр слатка павлака, ама не ја матиме долго-не треба да стане цврста. Во павлаката го додаваме мусот и се заедно соединуваме.
Профитероли-во недостаток на време јас користев готови профитероли меѓутоа вие можете да си ги направите дома(има рецепти на странава)

Филување
Чоколадното брауни-подлогата не ја вадиме од калапчето(страните на калапчето ги обложуваме со фолија) и врз браунито ставаме 4 лажици од чоколадниот мус. Врз мусот ги редиме профитеролите додека има место.
Врз профитеролите го ставаме преостанатиот мус и убаво ја израмнуваме тортата.
Тортата ја ставаме во ладилник да се олади и стегне околу два часа.
Прелив
Чоколадото го топиме на пареа со слатаката павлака и со тоа ја преливаме тортата.
Повторно ја ставаме во ладилник околу половина час и послужуваме.
Уживајте во оваа екставагантана и единствена торта!