Испечати

Ванила торта со бисквити (без печење)

Ванила торта со бисквити (без печење)

Состојки

  • 300гр кревки бисквити
  • фил
  • 750мл млеко
  • 1 ванила
  • 5 лажици шеќер
  • 2 пудинзи од ванила
  • 200мл слатка павлака

Подготовка

Идеален десерт за летниве горештини.

Во касерола на оган го ставаме млекото, го додаваме шеќерот, ванилата и пудинзите.
Мешаме убаво да се растворат.
Ја ставаме касеролата на умерен оган и вариме до згуснување со повремено мешање.
Додека се лади кремот неколку пати го промешуваме за да не се формира коричка.
Кога кремот е скоро изладен во танок млаз ја додаваме слатката павлака за готвење и матиме со миксер со најмала брзина.
Во правоаголен послужавник редиме бисквити.
Не ги потопуваме воопшто во млеко, од причина што се многу кревки и сами ќе си омекнат од кремот.
Врз бисквитите ставаме 5-6 лажици крем.
Израмнуваме, повторно, бисквити, крем....
Јас ставив само три реда бисквити, значи има бисквити и за четврт ред, сакав тортата да ми биде покремаста.
Со остаток на крем ја покриваме цела торта.
Ја оставаме да одстои на ладно 5-6 часа, па сечеме парчиња и послужуваме

Совет- по желба врз кремот може да се стави и сезонско овошје, праски, кајсиии